Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со голема забава во „Тамаро 5“ маркетот, денес започнуваат летните промоции и настани кои за своите верни купувачи ги организираат водечките во Охрид и регионот – „Тамаро“ маркетите.
– Ова лето ќе имаме многу интересни настани за сите, со многу забава и секако многу награди. Вечерва од 18:00 часот започнуваме со првата од летните супер акции кои ги организираме заедно со Nescafe. До 15-ти август се` што треба да направите е да купите Nescafe класик, Nescafe 3 во 1 или други Nescafe производи во вредност од 299 денари и да побарајте грепка. Секоја од нив е добитна за некој од 1.406-те подароци кои се подготвени за Вас. Уште и многу изненадувања и супер забава во „Тамаро“ маркетите со Илија Богданоски од Ohrid SUPERSTAR и Супер радио, информираат од охридските „Тамаро“ маркети, од каде додаваат дека сите недобитни грепки од првото извлекување можат да учествуваат и следниот викенд, во петок и сабота.
Сите забави ќе се одвиваат во водечките маркети на „Тамаро“ во текот на целото лето, а првата ќе закажана за вечерва во периодот од 18:00 до 20:00 часот во „Тамаро 5“ маркетот, наспроти градскиот пазар во Охрид. Претставниците на Nescafe ќе се дружат со купувачите на „Тамаро“ и во сабота во истиот термин кога ќе има дополнителна презентација на производите.
Илија Богданоски беше еден од најзабележителните учесници на првото талент шоу во Охрид – Ohrid SUPERSTAR, на кое тој се претстави со Стенд Ап настапи. Од Супер радио тој го доби овој радио проект заедно со Nescafe и „Тамаро“ маркетите, за веќе од септември да стартува со своја авторска анти-емисија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива