Охрид, 3. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градежен шут, купишта ѓубре, стар мебел, пластика, стакло и друг вид отпад забележал и фото документирал граѓанин на само стотина метри над управната зграда на ЈУНП „Галичица“, објави Охрид SOS на својот фејсбук профил.
Пишуваат дека ваквата состојба не е новост, се акумулира со години, а реакции (и санкции) нема. Ова е огледало на несовесните жители на Охрид, на непочитување на околината, себичноста, загадувањето.
– Упатуваме молба до службите на ЈП „Охридски комуналец“ и НП „Галичица“ да се исчисти ова ѓубре, ако треба ќе учествуваат и граѓаните, а дополнително, да се напарават напори и за казнување на ваквите практики, пишуваат од Охрид SOS.
Наместо да се гордееме со природата, ние ја третираме како депонија за работи кои не ни се потребни. (Крај)
извор: Охрид SOS фото: facebook