Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Салоните за мебел „Гир-риг“, во соработка со НЛБ Банка Ви овозможуваат да дојдете до посакуваното парче мебел на најлесен начин.
– Опремете го сега Вашиот дом или деловна просторија со квалитетен, современ и функционален мебел по пристапни цени, добијте реален попуст и платете на рати, порачуваат од „Гир Риг“.
Сите производи ги доставуваат и монтираат во Вашиот дом, бесплатно на целата територија на Република Македонија. Компанијата е препозната како бренд на кој охриѓани му веруваат и често своите домови и деловни простории ги опремуваат токму со производи од широкиот асортиман врвен мебел од најпознатите домашни и странски производители. Салонот во Охрид започна со работа во 1994 година. „Гир Риг“ располага со најширок асортиман мебел од домашни истрански производители. Од 2004. година работи во сопствени простории на преку 2.500 м2. Во 2009. година е отворен салонот во Битола. Само две години подоцна салонот за мебел „Гир Риг“ беше прогласен за најпопуларен на територијата на Битола, каде компанијата денес поседува сопствен модерен салон на преку 500 м2. Во 2013 година, „Гир Риг“ отвори салон на над 1.000 м2 во Кичево, а во ноември 2016-та година во Струга беше отворен првиот „Sleep Shop“ или специјализирана продавница за системи за спиење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива