Струга, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52-годишна жена од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
– При спроведен претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа куршуми кои нелегално ги поседувала, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 104