февруари 27, 2015

Охрид, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Загрижени граѓани од Охрид испратија допис до медиумите за нов инцидент кој се случил на улицата „Димитар Влахов“, на влезот од основното училиште „Григор Прличев“.

– Во центарот на градот Охрид, на влезот од училиштето, повеќе кучиња нападнаа деца. Кучињата, претпоставуваме, се бездомни и се доста големи по раст. Сакаме да прашаме дали надлежните чекаат да се случи голем проблем за да реагираат. Бараме надлежните да одат итно на терен, реагираат загрижените и револтирани граѓани, кои успеале да ги фотографираат кучињата.

Граѓаните потсетуваат дека не треба да се дозволи во Охрид да се случи инцидент, како што беше неодамна во соседна Струга. До пред околу половина година овој проблем во Охрид со кучињата скитници беше донекаде решен. Но во последниот период, повторно низ градот може да се сретнат глутници на кучиња.

kucinja1

Револтираните граѓани апелираат да се најде долготрајно решение за овој проблем, а не краткорочно да се решава, а потоа повторно да се јавува. Групата граѓани се посебно загрижени за децата и за повозрасните и изнемоштени лица, кои не можат самостојно да се бранат од глутниците кучиња. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука