Охрид, 8. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 10-ти ноември 2023 година, со почеток во 20:00 часот, Народен театар Охрид ќе ја одигра новата премиера на претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.
– Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.
Билетите се продаваат по цена од 250 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43