јануари 24, 2015

Поминаа деновите на чествување на нашиот Патрон, нашиот светител и просветител св. Климент Охридски.

И после деновите исполнети со восхит и гордост што живееме во една духовна престолнина на нашата држава и пошитоко повторно се вративме во реалноста на нашиот живот, во градот кој наместо со жагор на младите е исполнет со тишината на загрижени родители.

Кој згреши?

Кој овој убав град го претвори во град на пензионери?

Наместо град на млади, односно универзитетски град кој од најдамнешни вермиња и бил, а и во поблиското минато знаеме дека беше биран за студии по угостителство и туризам од млади од најразлични краеви од ЈУ просторите, сега е претворен во тивок град – град во кој живеат претежно средовечните граѓани.

Не можам, а да не потсетам на тоа кој во државата ја крои целокупната  животна, економска и развојна политика. Ако од државниот буџетот на  сите општини се дотира помалку од 10%, а со децентрализацијата се зголемени обврските на општините тогаш јасно како ден е дека како што ќе решат од централната власт така и ќе се развива одредена општина. Ако реши централната власт да инвестира и да го развива тогаш тој град, таа општина ќе има и просперитет.

Значи за општина Охрид никој ниту во претходните 10 години, ниту сега прави напор да помогне во економски развој и просперитет и овој убав древен град да заживее со полна пареа.

Единствена инвестиција во изминативе години е отварањето на новиот Универзитет за информатички науки Св. Апостол Павле. Но, и тука потфрлија тие истите кои го отворија. Првите  години многу малку инвестираа во создавање на елементарни услови за негово работење. Ги оставија студентите со еден амфитеатар и неколку  канцаларии. Така студентите од првата генерација поголемиот дел од наставата ја држеа на ФТУ. Тоа и не е толку страшно, но истатата таа креативна централна власт го отвори ФИНКИ во Скопје со капацитет од 600 студенти по информатички науки во година и во  него инвестираше многу повеќе. Повторно изборот на нашите средношколци  беше факултетот во главниот град. Така поголемиот број од млади луѓе од градот и пошироко регионот  повторно заминаа на студирање во главиот град. Само мал дел останаа на нашиот информатички факултет некои од немај каде поради беспарицата  а некои од желба да се промовира, успее и заживее штотуку отворениот информатички универзитет.

Моја констатација е дека  сето тоа не е добро обмислено, или е намерно направено да не усее. Да се види колку чурук луѓе се охриѓани. Или навистина сме чурук штом на нешто што постои не му посакуваме развој и просперитет.

Во секој случај не е касно да се направи подобра стратегија и сите ние кои сме некаков фактор во градењето на иднината на градов да помогнеме за подобро утре, да тежнееме веќе постоечките факултети  да  работат со полн капацитет.

Само така имаме можност повторно да го вратиме сјајот на универзитетскиот древен град.

Да направиме Охрид да биде посакувана дестинација за студирање не само на охриѓани туку и на сите млади од регионов и пошироко. Да се инвестира во отварање на работни места за профилот на студенти кои ќе завршуваат на факултетите во градов.

Охрид покрај главен туристички центар да стане и Македонска силиконска долина!

Со мала инвестицја да се отворат работни места за младите информатичари кои ќе излегуват како кадри од постоечките факултети на охридскиот универзитет. Така ем да се привлечат млади за студиирање од целиот регион, ем да им се гарантираат работни места по завршување на студиите. Нашите млади наместо во главниот град и странство својата иднина да ја гледаат овде. И не само тие туку да се апсорбираат и млади од сите краишта во Македонија  затоа што Охрид е како од Бога создаден за учење ама и за спокојно живеење и градење свои семејства.

Во пресрет на Новогодишните празнувања моја желба за нашиот Охрид е тој покрај успешен туристички и економски центар да стане  Македонска силиконска долина!

Апелирам до сите граѓани на Охрид во името на посветлата иднина да ги надминеме своите лични фрустрации, политички поделби и различните ставови и еднаш сложно да изградиме заедничка стратегија за посветла иднина на нашиот убав Охрид бисерот на Балканот.

Нека ни е среќна Новата 2015 Година и нека таа биде година на исполнување на охридскиот сон:

Охрид исполнет со студенти, млади брачни парови и среќни граѓани!

Жаклина Лазаревска, просветен работник

zaednicka046 3

** „046 – За Охрид се зборува“ е проект на Супер радио и OhridPress и истиот има за цел да се сврти вниманието на охридската јавност кон одредени теми. Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата – Супер радио и OhridPress да бидат вистински глас на заедницата и да објават различни мислења, но и начини за подобрување на одредени состојби. Напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат колумнистите. Супер радио и OhridPress се оградуваат од евентуален навредлив речник и конотации, и ги сметаат за непримерни во јавната комуникација.

Во третиот дел од „046 – За Охрид се зборува“, кој ќе трае од декември 2014. година до јануари 2015. година, ќе пишуваат и дебатираат Жаклина Лазаревска, Тони Симоновски и Катерина Климовска.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука