мај 15, 2017

Виена, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е избран за играч број 1 во квалификациите за ЕП 2018.

Ова е резултатот од изборот што го организира ЕХФ ЕУРО 2018, на кое Лазаров собра најмногу гласови.

Лазаров стигна до ваквото признание благодарение на одличниот настап на натпреварот со Исланд, кога нашата “седумка” на домашен терен реализира 11 погодоци, а на гости во Рејкјавик осум пати ја затресе противничката мрежа.

Лазаров е дел од идеалната постава во квалификациите за 3. и 4. коло, заедно со Омејер (Франција), Генсхајмер (Германија), Сагосен (Норвешка), Борозан (Црна Гора), Солер (Шпанија) и Буриќ (БиХ). (Крај)

извор: ekipa.mk   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука