Охрид, 26. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тања Тас неодамна ја сними песната „Лакмус“, чиј автор е Игор Атанасоски – Харе, кој ги напиша музиката и текстот, аражманот е на Дамир Имери, а музички продуцент е Мите Димовски.
– „Лакмус“ ја создадов пред десет години и ете го чекаше трпеливо своето време, да се најде во рацете на вистинскиот пејач, а во случајот тоа е Тања Тас. Нејзиниот специфичен звук и текст се должат на тоа што јас не калкулирам, едноставно го вадам тоа што го чувствувам во себе, вели Гуру Харе.
Неговата соработка со Тања Тас трае подолг период. Заедно беа дел од многу проекти, меѓу кои се „Autmind“ и албумот со Игор Џамбазов „Првите 30“, каде таа ги пее придружните вокали. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 10