Рим, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот репрезентативец Горан Пандев постигна гол против својот поранешен клуб Лацио, но екипата на Џенова не успеа да направи изнендување во Рим и да се пласира во четвртфиналето, во Купот на Италија.
Лацио на домашен терен славеше над Џенова со 4-2 и избори пласман меѓу најдобрите осум во Купот на Италија, каде се најде и Чезена откако на гостински терен славеше над Сасуоло со 2-1.
Во четвртфиналето фудбалерите на Лацио ќе играат против екипата на Интер, кој во вторникот по продолженијата ја совлада Болоња. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 14