Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лебедот со повредено крило, кој пред неколку дена го забележаа граѓани на крајбрежјето на Охридското Езеро и понатаму е препуштен сам на себе, а нема никој да му помогне.
До редакцијата на Супер радио загрижена граѓанка од Охрид испрати нови фотографии, направени во текот на денешниот ден, на кои јасно се гледа дека повредата на лебедот станува се’ посериозна.
Пред извесен период беше алармирано дека крилото на лебедот е скршено, но на последните фотографии се гледа дека поради влошување на состојбата, повредената птица ги губи пердувите се’ повеќе, а ткивото се разјадува. Лебедот не можејќи да лета, едвај се движи само по крајбрежјето. Последен пат е забележан денеска на локалиција на главното Охридско пристаниште.
Загрижените граѓани апелираат надлежните институции да помогнат. Граѓаните стравуваат дека недолжната птица, можеби поради повредата, не може ни да се храни правилно. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива