Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Локалниот огранок на Левица од Охрид, организира средба со граѓаните, на која ќе биде презентирана Програмата со која партијата ќе настапи на локалните избори во општина Охрид.
На средбата ќе присуствуваат Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, носителот на советничката листа во Охрид, Виолета Аврамоска и кандидатите за советници од Левица.
– Ќе се дискутира за актуелните проблеми во нашиот Охрид, предлог решенијата за кои се залагаат советниците предложени од Левица и нашата визија за Охрид како балкански туристички и културен центар, информираат од партијата.
Додаваат дека настанот ќе се одржи во четврток, 7-ми октомври 2021 година, кај „Стар Барон“, (веднаш до Стопанска Банка), со почеток од 17:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива