Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На плажата „Канео“ се гради на самиот езерски брег, што е спротивно од препораките на УНЕСКО, реагираат од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.
– Никој од надлежните не излезе на терен за да ја спречи оваа дивоградба и узурпација на езерскиот брег. Левица Охрид поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Градежна инспекција и инспекција за животна средина од Охрид. Бараме од инспекциите на Општина Охрид да постапат по барањето, а против сторителот да бидат преземени сите законски мерки, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 76