септември 18, 2021

Охрид, 18. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) –Од Локалниот огранок на партијата Левица од Охрид реагираат на, според нив, расипничкото трошење на буџетот на Општина Охрид.

– Општина Охрид склучила договор за јавна набавка на „Услуги за изработка на зелен катастар на подрачјето на Општина Охрид во рамките на опфатот на Генералниот урбанистички план“ со фирмата „Трифор“ од Скопје, во износ од 581.740 денари. Договорот вклучува: Архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги, како и услуги за технички испитувања и анализа. Ваков договор со комплетно идентичен предмет и фирма, склучила општина Кисела Вода, но за речиси 3.5 пати понизок износ (188.000 денари) споредбено со изнсосот кој го платила Општина Охрид, реагираат од партијата.

No photo description available.

Додаваат дека договорениот износ за услугите е доказ за расипничкото трошење на општинскиот буџет од страна на градоначалникот Константин Георгиевски, кој наместо да презема конкретни мерки во насока на намалување на задолженоста на општината продолжува со своето нерациолано, непосветено и противзаконско работење, за кое мора да има правна и морална одговорност. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука