Охрид, 6. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со утрешниот протест против отворањето на граѓанското здружение, кое го носи името на фашистот и соработникот на Хитлер, „Цар Борис III“, охридската полиција, преку телефонски јавувања и други слични методи на притисок, пречекорувајќи ги своите овластувања го малтретира и вознемирува раководството на Локалниот огранок, информираат од Левица Охрид.
– Ги повикуваме одговорните на СВР Охрид, да престанат со нивните обиди саботирање на утрешниот протест. Воедно, им порачуваме дека нема да подлегнеме под ваквите подли методи за заплашување, и утре, заедно со сите жители на Охрид, ќе излеземе на протест да кажеме НЕ за глорификацијата на личности соработници на окупаторските наци-фашистички сили и НЕ на обидот за ревизија на историјата ширејќи ги нео-фашистичките идеи и дејци на Бугарија. НЕ за бугарскиот Хитлер. НЕ за рехабилитација и глорификација на фашизмот. Смрт на фашизмот, слобода на народот, порачуваат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива