Охрид, 7. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – По само 4 години од реконструкцијата, распука улицата „Марко Нестороски“, реагираат од партијата Левица.
– Пред четири месеци реагиравме поради неодговорното однесување и непланско градење/ископување и узурпација на тротоарот каде што се спојуваат улиците „Марко Нестороски“ и „Прва Македонска ударна бригада“ којашто беше реконструирана пред само четири години. За реконструкција беа издвоени 12.952.424 денари, а изведувач беше АД „Илинден“ од Струга. Денес истата улица „Марко Нестороски“ е распукана по средишниот дел. Ова е само уште една системска негрижа на владејачките елити во Општина Охрид покрај многуте запоставени дупки, несоодветно израмнети шахти, блокирани велосипедски и пешачки патеки и нефункционална сигнализација, реагираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива