Охрид, 31. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Второто полугодие за гимназијалците започна во несоодветни и неподносливи услови за изведување на наставата, реагираат од Локалниот огранок на Левица од Охрид.
– Наместо за време на летниот распуст, среде учебна година локалната врши реновирање на охридската гимназија, а директорката Светлана Велкоска послушно ги следи партиските директиви. Деновиве наставата во гимназијата се одвива во неподнослива бучава, а учениците и наставниот кадар се гушат и дават во прашина. Охридските гимназијалци станаа жртви на предизборната кампања на ДПМНЕ, стои во реакцијата.
Од партијата додаваат дека до Санитарната инспекција поднесле барање за вонреден инспекциски надзор.
– Според наши сознанија инспекцијата излегла на терен, стои во дописот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива