Охрид, 10. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Партијата Левица неодамна организираше средба со охриѓани, на која беше презентирана Програмата со која ќе настапи на локалните избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври.
На средбата беше присутен Претседателот на Левица Димитар Апасиев, членот на Президиум Јована Мојсоска, носителот на советничката листа во Охрид Виолета Аврамоска и беа презентирани кандидатите за советници од Левица.
Од партијата ја објавија и кратката програма со која партијата ќе настапи на изборите под реден број 15 на гласачкото ливче.
1. Проект Е-општина за елиминација на чекањето ред на шалтер и задолжителен пренос во живо лајв-стрим на седниците на советот на општината
2. Забрана за издавање под концесии на јавните објекти и замена со тендер системот со специјализирани општински јавни претпријатија
3. Ревизија на сите ДУП-ови и ГУП-ови кои се издадени под влијание на корупциски афери
4. Гасификација на индустријата на домаќинствата (изградба на градска гасоводна мрежа)
5. Иницијатива за решавање на статусот на стечајците на ЕМО и Отекс
6. Намалување на цената на водата како и Чиста вода за пиење во секое село
7. Бесплатни градинки и Бесплатна исхрана за сите ученици во основните и средните училишта, како и општински возен парк за бесплатен превоз на ученици.
8. Бесплатни курсеви за странски јазици и компјутери за децата од посиромашни семејства (деца на стечајци, деца на невработени, деца на ниско платени работници)
9. Народни кујни за бездомници и сиромашни лица и шелтер-центри за жртви на семејно насилство
10. Отварање на пензионерски домови за нега и домување на стари и изнемоштени лица
11. Дневни центри за деца и лица со попреченост и потреба од туѓа нега и внимание
12. Укинување и забрана за воведување наплата на јавниот паркинг простор
13. Изградба на стационари на бездомни животни со можност за посвојување домашни миленици
14. Осовременување на возниот парк на територијалните Противпожарни служби и на возилата за Брза помош
15. Организирање на летни школи за изучување на традиционалните охридски занаети
16. Поддршка на локалниот спорт (спортски сојузи и клубови) со реновирање на стадиони, спортски сали и детски игралишта како и развој на алтернативниот туризам. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива