Њујорк, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лековите против треска, алергии и проблеми со спиењето може да ја зголемат опасноста од Алцхајмерова болест, предупредуваат научниците.
Според истражувањето, употребата на некои слични лекови може да доведе до 60% зголемување на ризикот од болеста. Лековите, познати како антихолинергици, го блокираат дејството на важни хемикалии во човечкото тело, кои се одговорни за пренесување на електрични импулси помеѓу нервните клетки.
Луѓето болни од Алцхајмерова болест, имаат недостаток на овие хемикалии и не е препорачливо да употребуваат слични лекови против настинка и алергии.
Меѓу опасните лекови влегуваат и некои постари типови антидепресиви.
Според друго истражување храната со високи количини на трансолеинова киселина (како црвеното месо) доведуваат до влошување на алергиите. Во секојдневните навики треба да се зголеми и потрошувачката на течности, најмногу вода и зелен чај. Треба да се зголеми и внесот на витамин Ц. Докторите советуваат и редовно да се прави чистење на сите облеки и постелнина, каде можат да се задржат алергени. (Крај)
извор: ОхридПрес/NHL фото: архива