Охрид, 18. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – И оваа учебна година Лео Нелоски, ученик во VI одделение при ОУ „Григор Прличев“ во Охрид постигна забележителен успех на Манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – Месец на науката 2019 година“.
– Лео оваа година се натпреваруваше во областа физика на тема: Паскалов закон и хидраулика и негова примена, ја освои I награда. Активен на многу полиња, ученикот се натпреваруваше во повисока категорија, но имајќи го во предвид неговиот огромен интерес за науката, неговата посветеност и трудољубивост… успехот не изостана, информираат од училиштето.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22