октомври 31, 2017

Лечестер, 31. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот фудбалски стручњак, Клаудио Раниери откри дека Лестер го барал повторно да ја преземе менаџерската функција.

Раниери пред две години го предводеше Лестер до најголемиот успех во историјата на клубот, шампион на Англија. Меѓутоа, поради лоши резултати во следното првенство, во февруари му е врачен отказ и на негово место привремено, а подоцна и со договор е поставен Крег Шекспир.

Откако оваа сезона, Лестер освои само девет бода од можни 27, Шекспир доби отказ, по што следел повик до Раниери.

– Не благодарам, бил одговорот на Италијанецот на понудата да се врати во неговиот поранешен клуб.

По негативниот одговор од Раниери, Лестер за нов менаџер го постави Клод Пуел. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука