Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вистински летен ден денеска во преубавиот Охрид, со температура од околу 27 степени Целзиусови.
Бројни охриѓани и гости уживаа во прошетка по езерскиот кеј или во некои од угостителските објекти.
Според метеоролозите и утре ќе се задржи сончево и топло време.
– Во недела под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер. И во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали (за 8 до 10 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес