Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на општина Охрид, утре ќе се одржи трибина во врска со начинот на функционирање на системот за електронско евидентирење на движењето на моторните возила во Стариот дел од градот.
Градоначалникот Константин Георгиески истакна дека системот е веќе готов, рампите се поставени, направена е реевиденција на картичките, а втората трибина со граѓаните е на негово инсистирање, со цел подетално запознавање со новините пред системот да биде пуштен во употреба.
– Поприлично е изменет во однос на лани, се надевам дека нема да ги имаме истите проблеми. Во куќичката поставена во премиум зоната наспроти поштата за наплта на паркинг ќе е целиот систем за функционирање на рампите. Ќе имаме 24 часовен видео надзор на Горна порта и Каменско, како и физичко присуство за соодветно да се излезе во пресрет на граѓаните. На пример лицето на Горна порта, ако дојде некој со резервација во Стар град, тој ќе го комуницира центарот и оттаму ќе биде отворена рампата. Жителите на Стар град кои очекуваат гости од денес за утре ќе треба списокот на гости да го достават во центарот кај премиум зоната и таму ќе има список од секој турист кој треба да пристигне во Стар град. Ако го нема неговото возило на списокот, нема да биде пропуштен. Во текот на неделата ќе испечатиме и флаери кои ќе бидат разделени и каде се’ ова ќе биде подетално објаснето, рече Георгиески.
По консултации со Секорот за комунален развој и сообраќај и СВР Охрид, со оглед дека ни претстои отворањето на фестивалот „Охридско лето“, а системот сепак има новитети, па на почетокот може да се јават ситни проблеми, донесена е одлука летниот сообраќаен ражим да стартува од идниот понеделник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес