Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриде мој толку беше, за жал дојде и тој ден да прогласам дека ЛеТоТо ПоМиНа. Здрави живи и повесели до вгодина.
Со оваа порака, вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски Лепи и официјално ја прогласи за затворена сезоната 2024-та и летото во Охрид.
Охриѓани на шега велат дека летото не завршува се’ додека тој не каже, пред се’ поради неговата песна „Летото помина“, која е еден од најпрепознатливите хитови од локалните музичари на овие простори.
Тој беше член и иницијатор за формирање на групата Шармер, која пред три години прослави 30 години од формирањето и успешниот концерт во 1991 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 347