Охрид, 19. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Летото и понатаму не се предава, плажите и денеска солидно исполнети, а на враќање колони возила како во шпицот на сезоната.
Вака туристички Охрид го испраќа денешниот, 19-ти ден од август.
Бројот на гостите е намален, но се’ уште ги има во голем број, особено за овој дел од летото. Охрид секако ја живее една од најдобрите летни сезони последните години.
За ова придонесоа и високите температури, а метеоролозите и за следните денови најавуваат сончево и топло време со температури над 30. степени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 36