Охрид, 25. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти месецов, вљубеникот во Охрид и неговите убавини, риболовниот водич Љупчо Стојкоски Лепи и официјално ја прогласи за затворена сезоната 2024-та и летото во Охрид.
Утрово, радио водителот Жанко ЗШ Голабоски, во утринската емисија на Супер радио „Охриде не бери гајле“, го предизвика Лепи и имаа дискусија на тема помина или не летото.
– Охриде мој толку беше, за жал дојде и тој ден да прогласам дека ЛеТоТо ПоМиНа. Здрави живи и повесели до вгодина, порача неодамна Лепи со што и официјално ја прогласи за затворена сезоната 2024-та и летото во Охрид.
Охриѓани на шега велат дека летото не завршува се’ додека тој не каже, пред се’ поради неговата песна „Летото помина“, која е еден од најпрепознатливите хитови од локалните музичари на овие простори.
Тој беше член и иницијатор за формирање на групата Шармер, која пред три години прослави 30 години од формирањето и успешниот концерт во 1991 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива