септември 23, 2017

Охрид, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вистински сончев „летен“ ден имавме денес во Охрид, на првиот календарски ден од есента.

Пријатните температури ги измамија охриѓани да излезат од домовите, а не беше мал бројот на туристите, од кои денес доминираа оние од соседна Бугарија.

ohrid2309172На убавиот впечаток голем придонес дава и времето, кое денес, според метеоролизите ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

ohrid2309173– За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови. Во вторник и среда врнежите ќе бидат полокализирани и со послаб интензитет, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука