Њујорк, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лејди Гага објави дека ќе се омажи за своето момче Тејлор Кини.
– Тој ми го подари срцето на Денот на Св. Валентин и реков „Да“, напиша пејачката на Инстаграм.
Соопштението е придружено со слика на нејзината рака, каде е скапиот венчален прстен во облик на срце.
33-годишниот актер ја запросил 28-годишната пејачка во њујоршкиот ресторан „Joanne Trattoria“, сопственост на семејството на Лејди Гага. Кини и Гага се запознаа во 2011 година, кога актерот го снимаше спотот на нејзината песна „You and I“. (Крај)
извор: NY Post фото: NY Post
Прочитано: 25