мај 5, 2017

Виго, 5.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Манчестер јунајтед е на чекор до пласман во финалето на Лигата на Европа откако синоќа славеше со 0-1 на гостувањето во Шпанија, во првиот полуфинален меч против Селта.

Маркус Рашфорд со фантастичен гол од слободен удар му донесе триумф на тимот на Мурињо, а англискиот тим ќе треба на„Олд трафорд“ да ја дозаврши работата.

Јавноста на Островот му даде големо значење на погодокот кој го постигна 19-годишниот напаѓач, а импресиите се уште поголеми бидејќи неговата изведба  многу потсети на последното ремек-дело кое го направи Дејвид Бекам на својот последен меч како член на Манчестер Јунајтед. (Крај)

 

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука