Амстердам, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Фаворитите Рома, Баер Леверкузен, Вулверхемптон и Волфсбург се пласираа во осминафиналето на Лига Европа по вторите мечеви.
Рома отпатува во Белгија со минимална 1:0 победа над Гент, предност која бргу беше избришана, кога во 25. минута Џонатан Дејвид ги донесе домашните до предност. Но, реакцијата на „волчицата“ беше експресна – Јустин Клајверт само пет минути подоцна израмни на 1:1, што значеше дека Гент треба да даде два гола за да го елиминира италијанскиот клуб.
Манчестер јунајтед и Интер го потврдија својот статус како најголеми фаворити за титулата од Лига Европа, со сигурни домашни победи да обезбедат место во осминафиналето, каде што нема да биде Ајакс, кој не успе да ја надмине разликата на Хетафе, а можеби и Арсенал, кои беа приморани да играат продолженија откако Олимпијакос имаше 1:0 водство по 90-те минути.
На „Олд Трафорд“ темпото на мечот беше одредено во 23. минута, кога Клуб Бриж остана со играч помалку по бизарното играње на рака на гостинскиот фудбалер Симон Дели, по што Јунајтед дојде во водство од белата точка преку Бруно Фернандеш.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ
Башакшехир – Спортинг Лисабон 4:1 по продолженија, прв меч 1:3, вкупно 5:4
Базел – АПОЕЛ 1:0, прв меч 3:0, вкупно 4:0
Еспањол – Вулверхемптон 3:2, прв меч 0:4, вкупно 3:6
Гент – Рома 1:1, прв меч 0:1, вкупно 1:2
ЛАСК Линц – АЗ Алкмар 2:0, прв меч 1:1, вкупно 3:1
Малме – Волфсбург 0:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5
Порто – Баер Леверкузен 1:3, прв меч 1:2, вкупно 1:5
Ајакс – Хетафе 2:1, прв меч 0:2, вкупно 2:3
Арсенал – Олимпијакос 0:1, прв меч 1:0, вкупно 1:1, се играат продолженија
Бенфика – Шахтјор Доњецк 3:3, прв меч 1:2, вкупно 4:5
Селтик – Копенхаген 1:3, прв меч 1:1, вкупно 2:4
Интер – Лудогорец 2:1, прв меч 2:0, вкупно 4:1
Манчестер јунајтед – Клуб Бриж 5:0, прв меч 1:1, вкупно 6:1
Севилја –ЦФР Клуж 0:0, прв меч 1:1, вкупно 1:1, Севилја оди понатаму поради гол во гости . (Крај)
Целиот текст овде
извор: Топспорт фото: архива