април 9, 2017

Ливерпул, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува англискиот BBC,фудбалскиот клуб Ливерпул од страна на ФА е казнет со 100.000 фунти и заработил двегодишна забрана за потпишување на договори со млади фудбалери од други клубови.

Ливерпул, во септември, минатата година се обидел да донесе на „Енфилд“, 12-годишно момче од академијата на Стоук.

Строгите правила на Премиерлигата забрануваат тинејџери да бидат поттикнувани да минуваат од клуб во клуб. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука