Ливерпул, 2. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Ливерпул со 2-1 го победија Манчестер Сити во дерби натпреварот кој се одигра во рамките на 27-то коло во Премиерлигата.
“Црвените” со оваа победа ја продолжиja победничката серија која ја имаа во последните два и пол месеци , од 11 натпревари имаа осум победи и три нерешени меча.
Сега Ливерпул со 48 бода се наоѓа на делба на четвртата позиција, додека Сити е на второто место со 55 бода, пет помалку од лидерот Челзи кој има и натпревар помалку.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 23