февруари 17, 2020

Охрид, 17. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Лизгалиштето на мраз што на 31-ви декември беше поставено на Кеј „Македонија“, пред Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид веќе е затворено.

Временската состојба со високи дневни температури оневозможува да се постигне потребната температура за мраз, па само би се трошела голема количина на електрична енергија. Лизгалиштето го постави Агенцијата за млади и спорт, а општината ги изведе подготвителните работи. Според пресметките лизгалиштето на мраз во просек трошело по 200 евра дневно за струја, а приходите од влезниците кои чинеа 100 денари за изнајмување на лизгалките се околу 6.500 евра, изјави за Супер радио и OhridPress директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска.

– Минатиот понеделник е затворено лизгалиштето. Договорот беше до крај на овој месец, но поради ваквите временски услови не може да функционира. За електрична енергија лизгалиштето дневно трошеше во просек 200 евра, пари кои ќе ги покрие општината. Вработените на лизгалиштето беа од кај нас, од ЈП „Билјанини извори“. Приходот кој се оствари не е поголем од 400.000 денари, пари кои ќе бидат наменети за потребите на претпријатието, за редовно тековно одржување, потенцира Јованоска.

Лизгалиштето во Охрид беше поставено преку проект за изнајмување и поставување на Агенцијата за млади и спорт, а освен во Охрид лизгалишта беа поставени уште во шест општини. Проектот беше „тежок“ 14.000.000 денари. Инаку ова не е првпат Охрид да има лизгалиште на мраз. Поставено беше и во 2013 година, што отвори поле за за жестока расправа меѓу власта и опозицијата во Охрид, освен прескокнувањето на постапката со објавување на јавен оглас, власта доби критики и за местоположбата на лизгалиштето односно околу споменикот на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Image result for artificial ice

лизгалиште со вештачки мраз

Во рамките на поширокиот проект „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, Супер радио уште во средината на ноември 2017-та година го предвиде лизгалиштето како една од понудите за време на зимата. Поради огромните трошоци за струја, кои беа регистрирани уште во 2013-та година, при првиот пат кога во Охрид беше поставено лизгалиште, беше предвидено поставување на лизгалиште со вештачки мраз од специјална подлога која се монтира и демонтира по потреба и според просторот и нема воопшто потреба од електрична енергија.

Сепак… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука