Охрид, 14. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги православните верници дека во четврток, на 14-ти јуни 2018 година, во манастирот „Свети Еразмо“ во Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во петок, на 15-ти јуни, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива
Прочитано: 23