Охрид, 30. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре во манастирот „Св. Спас“ во Горно Лакочереј по повод празникот „Св. апостол и евангелист Лука и Св. Константин Кавасила“ ќе се служи света архиерејска литургија.
Почетокот е во 08:45 часот, а на литургијата ќе биде ракоположен во свештенички чин на ѓаконот Оливер Новески. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
В петок, на 1-ви ноември во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Прохор Пчински и пренос на мошти на Св. Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива