Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во четврток, на 17-ти мај 2018 година, во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во горно Лакочереј, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Вознесение на Господ Исус Христос – Спасовден“.
Со литургијата која ќе започне во 09:00 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Богослужба ќе има во сите парохиски цркви. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21