Охрид, 14. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, четврток, 15-ти февруари, во црквата „Св. Георги“ во Струга, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива
Прочитано: 22