Охрид, 29. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во црквата „Св. Троица“ во населбата Црногорци, Охрид се одржа литургија за здравје на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.
Со тоа свештниците од Дебарско-кичевската епархија се приклучија кон хуманитарните акции за собирање на парични средства за Трајан, кои во континуитет се организираат во периодов наназад.
– Најважно од се` е што се помоливме за негово здравје, за лесна рака на докторите и успешна операција. Собравме и одредена парична помош, истакна Отец Ромео, кој испрати голема благодарност до сите хумани луѓе.
Во храмот денес беше поставено сандаче за доброволен прилог, за присутните да можат да помогнат со свои донации.
Неодамна беше отворен и број за донации за помош на младиот охриѓанец. Бројот 143-486 е на ВИП операторот и со вртење на него, сите хумани луѓе ќе можат да помогнат. Охридската јавност преку бројни хуманитарни настани деновиве собираше помош за младиот спортист.
Периодов наназад беа организирани повеќе акции, хуманитарни забави, турнири, а свој придонес и помош дадоа голем број фирми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива