Охрид, 31. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во недела, на 2-ри април, во црквата „Св. Никола“ Геракомија во Варош, со почеток во 08:30 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот недела на „Св. Марија Египетска“.
Со светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 25