Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православни верници дека во вторник, на 21-ви ноември, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Во средам 22-ри ноември, во манастирот „Св. Петка“ селото Велгошти, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобна Матрона“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес