Охрид, 1. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската православна црква во првата недела од октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители.
Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонесле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко.
По повод денешниот празник во катедралната црква„Света Софија“ ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 09:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА.
Боголслужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ (едноцрквие). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива