Вадуз, 1. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Селекторот на Лихтенштајн, Рене Пауритч го објави списокот репрезентативци за квалификацискиот натпревар со Македонија кој се игра на 9. октомври на стадионот „Младост“ во Струмица.
На списокот се 20 фудбалери, од кои поголемиот дел од домашните клубови Балзерс и Вадуц, дополнети и со осум интернационалци. Најзвучни меѓу нив офанзивецот на италијанскиот прволигаш Верона, Марсел Бухел, како и фудбалерот од средниот ред на белгиски Розелар, Сандро Вајсер.
Во составот се и најискусните, незаменливиот 35-годишен голман на Вадуц, Петер Јехл, како и неговиот клупски соиграч Франц Бургмаер, и двајцата со повеќе од 100 настапи за селекцијата на Лихтенштајн. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива
Прочитано: 20