Лица од Албанија кои работеле во Македонија без работна дозвола приведени во струшко Лабуништа
октомври 11, 2019

Охрид, 11. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти октомври 2019 година, во 17:00 часот во Полициската станица во Лабуништа биле лишени од слобода 68-годишниот Ш.Х. и 52-годишниот Ч.Ш., и двајцата од Република Албанија.

– Лицата се приведени, бидејќи не поседувале работна дозвола за работа во Македонија. Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука