април 7, 2017

Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во полициската станица од општа надлежност Охрид, 32-годишниот А.Д. од Тирана- Р.Албанија, пријавил дека додека со неговите пријатели С.М.(38) и Г.Г.(37) од Елбасан-Р.Албанија се движеле по ул.„Крум Точко“, биле пресретнати од патничко возило.

Од возилото излегле две непознати машки лица. Според кажување на пријавителот едно од лицата имало елек на кој пишувало полиција а другото лице било вооружено. Сторителите им кажале да легнат на земја и им извршиле претрес. Им одзеле две чанти во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони, 4.000 долари, 450.000 леки, 700 евра, 60 турски лири и 300 денари, потоа 350 канадски долари, 30 евра и 10 франки. По грабежот сторителите заминале.

Полицијата презема мерки за разрешување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука