Охрид, 11. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти февруари 2024 година, во 00:40 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се две лица од селото Слатино, општина Дебрца и струшкото село Биџево, на возраст од 26 и 25 години.
– Тие, претходно во, а потоа и надвор од објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со викање, агресивно однесување и меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 94