Охрид, 11. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти јануари 2025 година, во 18:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, едно лице насилно ја отворило металната врата од паркинг простор на улицата „АСНОМ“ во Охрид, кој го користи ЈП „Комуналец-Механизација“.
– На паркинг просторот било паркирано патничко возило марка „Фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, претходно одземено од пајак службата на претпријатието. Откако го отклучил возилото, тој заминал со него. Се работи на расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 15