Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми февруари 2020 година, во 19:25 часот на Граничниот премин „Св. Наум“, на влез во Република Македонија, лишен е од слобода 31-годишниот Е.Ј. од Република Албанија кој бил со патничко моторно возило „Опел зафира“ со албански национални ознаки.
– Полициските службеници констатирале дека лицето е евидирано на „Стоп листата“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 40