јули 13, 2017

Охрид, 13. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Скопјанец, роден 1954  година почина синоќа, откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“.

Дел од присутните за Супер радио и OhridPress тврдат дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош.

Благодарение на брзата реакција на екипите на Итната медицинска помош и доктори од Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан”, тој  бил реанимиран, по што околу 22:00 часот бил пренесен во Кардиолошкиот завод.

Но и покрај сите напори, поради тешката состојба во која се наоѓал, починал 45 минути по полноќ. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука