јуни 28, 2019

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Повозрасен маж од Тетово вчера беше пронајден мртов на Самуиловата тврдина во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

– По барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот, изјави Димоски.

По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.

Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годиншна возраст. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука