Скопје/Охрид, 15. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17-ти октомври 2021 година, од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известуваат граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Охрид, Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола и Тетово), утре, 16-ти октомври 2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08:00 до 16:00 часот.
В недела, пак, на 17-ти октомври сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07:00 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево). (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес